Осигурениците на Фондот за здравство (ФЗОМ) од 1. октомври во аптеките ќе можат да ги земат лековите за кои имаат добиено рецепт само со документ за лична идентификација (лична карта или пасош), соопштија од ФЗОМ.

Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни административното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица, се вели во соопштението од ФЗОМ.