Турскиот шеф на дипломатија со одговор до Нетанјаху: Тоа представува расистичка апартхејд држава

0

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека изборното ветување на премиерот Бенјамин Нетанјаху за анексија на дел од окупираниот Западен Брег на границата со Јордан, представува расистичка држава „Апартхејд“, јавува Anadolu Agency (AA).

– Изборното залагање на Нетанјаху, кој продолжува да испраќа илегални, незаконски и навредливи пораки, представува расистичка апартхејд држава. До крајот, ние ќе ги браниме правата и законот на нашите палестински браќа и сестри “, напишал Чавушоглу на Твитер.

Потсетуваме дека Нетанјаху вети дека ќе го анектира од окупираниот Западен Брег на границата со Јордан, доколку биде реизбран.

Нетанјаху им изјавил на новинарите дека ќе ги анектира окупираната долина Јордан и северното Мртво Море доколку биде избран за премиер следната недела.

Ваквиот потег сигурно ќе добие силна поддршка од израелските десничарски партии од кои зависи Нетанјаху за формирање коалиција. Познато е дека Палестинците жестоко се спротивставија на ваквиот план на израелските власти.

Според меѓународното право, сите еврејски населби во окупираната палестинска територија се сметаат за нелегални.

Израел го окупира Западниот Брег во 1967 година, а Палестинците во таа област, како и во Газа, сакаат да основаат држава со Источен Ерусалим како главен град. Израелско-палестинските преговори пропаднаа во 2014 година.

Извор:faktor