Од животот на нашиот печалбар: – Rorschach центарот на Октишката дијаспора во Швајцарија

0

Велат дека секоја една работа можеш да ја спознаеш и дознаеш како изгледа доколку истата ја почувствуваш.

Она што како медиум можеби ќе не направи поразлични од другите е токму тоа што сакаме да го пренесеме животот и чувството на нашиот печалбар ширум светот.

А, и целта на нашиот предстој надвор од границите е токму тоа, да се допре до вистинското чувство на нашиот печалбар, односно доживее и она со кое секојдневно се соочува и на тој начин пренесеме вистинската слика.

Иако, ваквиот проект беше планиран за малку подоцна, сепак одлучивме со вас драги наши, не криејќи го задоволството од гостопримството во – rorschach, центарот на Октишката дијаспора во Швајцарија, се одлучивме да прикажиме само дел од обработениот материјал кој наскоро ќе биде објавен во целост, а ова не криејќи го тоа задоволство, сепак одлучивме како редакција да го презентираме како вовед.

Нашата прва дестинација, овој пат беше местото познато како Роршах или мало Октиси во Швајцарија. Уште од самиот почеток љубезно бевме пречекани, малку поразговаравме за тоа како кој како се снаоѓа, каде работи, како изгледа на работа, и се разбира потсетиме како поминал одморот во родниот крај.

На нашата средба се разбира во ова “мало Октиси“ предначеа домаќините октишани, ама сретнавме и по некој Подгорчанец и Лабуништанец.

Разговаравме на различни теми, и оние интересните и оние помалку интересните, сите имаа можност да кажат, а и да си кажеме по нешто, ама крајниот впечаток дека печалбата во секој случај е тешка.

Овде брат, е тешко се работи многу, ама барем знаеш на ошто си, а и фамилијата ни е тука, тоа ни е повеќе од олеснителна околност, веќе се навикнавме на ова средина, а бидејќи не има многу Октишани во ова место, понекогаш и не чувствуваме некоја носталгија за дома, иако тоа е само привремено, ни напомена нашиот прв домаќин Ајруш Тајроски, кој љубезно не пречека во неговиот дом, и убаво угости.

Понатаму се разбира имавме можност да пораговараме и со останатите наши домаќини, за кои нешто подоцна ќе пишуваме кога редакцијата на овој портал ќе одлучи дека истат е завршена во целост и истата биде прикажена преку видео запис.

Малку повеќе низ градот нё прошета и запозна Синан, каде подоцна нашата средба со уште едно кафе и сокче ја продолживме покрај брегот на ова преубавото Боденско езеро во непосредна близина на овој преубав град.

Се разбира тука, беа и Садам, Амир, Садик, Јусуф,Едип, и Адем.

А,за – rorschach во нашето следно видување, и сам колку за овој пат, едно прекрасно место, каде што нема да забележете дека сте сами, односно покрај Вас секогаш низ улиците на оваа гратче ќе поздрави (поселами) по некој Октишанец, роднина, пријател или жител од нашите соседни села…

Колку за потсетување Роршах се наоѓа во североисточна Швајцарија, во близина на државната граница со Австрија – 7 км источно од градот.Од најблискиот поголем град Цирих, оддалечен е на 100 км источно.

На сите нив им благодариме за преубавото гостопримство, а ние уште покрај овој вовед го најавуваме почетокот на нашиот серијал насловен како “ Од животот на нашиот печалбар“, кој ќе трае се додека бидеме контактирани од наши сограѓани кои живеат надвор од границите на Македонија ( Австрија, Германија, Италија,Словенија, Швајцарија идр..) и на некој начин сакаат да го прикажат животот на еден печалбар од своја гледна страна..

Се разбира во оваа пригода би сакале да му се заблагодариме и на приватната градежна фирма “ Гипс Монт.д.о.о“ – Словенија, за обезбедениот превоз..

Во очекување на ваши контакти за остварување на овие средби, односно  продолжување на реализацијата на нашиот проект.

Видео: Кратки видео инсерти од забележаниот видео запис