Лабуништани со порака до Владата: “Стоп за Каменоломите или превземање на радикални протести““

0

Како што и ветија, денес Лабуништани во еден од дивите каменоломи оддржаа мирен протест, од каде пренесоа јасна порака до државните институции, особено владата на Македонија, дека треба да се стави крај на ваквите штетни активности и уништување на природата, притоа осврнувајќи се на тоа дека нивното присуство и секое активирање, предизвикува опасност по здравјето на луѓето и воопшто животнтата средина.

„Ние сме мирољубив и културен народ, но многу сме лути што не се превзема ништо против проблемот со кој се соочува село Лабуништа од каменоломите“, вели Алим Салоски од здружението „Натура лаб“ од Лабуништа.

Доколку во скоро време не се добие позитивен одоговор со кој би се решил овој проблем, тогаш на ред ќе биде почетокот на започнување на радикални протести преку ќе ја пренесеме нашата сериознот и загриженост за овој проблем.

Еден од главните активисти и представник на здружението “Натура Лаб“ Алим Салоски, во своето излагање потенцира дека Лабуништани се мирољубив и културен народ,меѓутоа многу разочарани што и покрај првиот протест не се превзема ништо во врска решавање на овој проблем со кој се соочува населбата Лабуништа.

Потсетуваме дека на 2 август, на оддржаана средба со жители на населбата , Министерот за економија им ветил дека истите ќе бидат затворени, и дека од тогаш воопшто ништо не е превземено и дека после 30 дена ќе добијат одговор на поднесеното барање за укинување на концесијата на пет-те каменоломи во непосредна близина.

А, ние почитувани, преку видео запис ви пренесуваме,како Лабуништани го искажаа својот револт и протест против постоењето на каменоломите и нивната штетност.