При продажба на оружје на С.Арабија, Путин цитирал делови од Кур`анот

0

По нападот врз нафтените постројки на Саудиска Арабија во саботата, рускиот претседател Владимир Путин го повика официјалниот Ријад да купи противвоздушни ракетни системи С-400 или С-300, пренесува Спутник.

За време на својот престој во Турција, тој испрати порака до Саудиска Арабија дека не треба да се потпираат само на САД.

Запрашан од новинар да ги коментира овие напади, Путин го цитирал Куранот, велејќи дека Светиот Кур`ан зборува за неприфатливост на каква било форма на насилство освен за заштита на сопствениот род, пренесува Спутник.

„За да го заштитите својот род и вашата земја, ние сме подготвени да и обезбедиме соодветна помош на Саудиска Арабија“, изјавил Путин, додавајќи дека саудиското раководство има доволно време за „да донесе мудра државна одлука“ и да го купи С-300, како во случајот со Иран, или С-400, како што тоа го напправи Турција и продолжи:

– Бидејќи сум тука во Турција, земја со претежно муслиманско население, не можам да не се присетам на делови (извадоци) од Светиот Куран, кои велат: „Сетете се на милоста Аллахова. Еднаш  бевте непријатели, Аллах ги помири вашите срца и ве направи браќа. “„ Затоа, мислам дека мора да тргнеме од тука “, рекол Путин.

(Вијести.ба)