По предлог на редакцискиот одбор и издавачкиот совет на пензионерските гласила „Пензионер плус“, „Пензиоинерски видици“ и „Коха“, за прв пат Денот на пензионерите се одбележа на ваков начин.

Со одлука на Извршниот одбор на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, донесена на 18.09.2019 година, од одржаната четврта седница по повод 20 септември – Денот на пензионерите на Македонија, на седницата беше донесена едногласна одлука благодарница за хумани активности на пензионери да добие,берберот Реџеп Рамаданоски од село Подгорци,Струшко,за кого беше објавен напис од страна на дописникот Стојан Кукунешоски,во весникот „Пензионер плус„бр,131 – јуни 2019 година,под наслов „Берберница по мерка на муштериите„

Благодарницата беше предадена преку делегатот и член на ИО на СЗПМ Хурем Даути од Струга.