Продолжуваат политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија

0

Додека траат политичките тензии меѓу Република Северна Македонија и нејзиниот источен сосед Република Бугарија, бугарските политички лидери одржаа средба на која ги разгледаа постоечките проблеми во билатералните односи меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).

На состанокот на кој домаќин беше претседателот на Бугарија, Румен Радев, беше разгледана поддршката што на 17 октомври Бугарија би можела да ѝ ја даде на Северна Македонија за започнување на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ).

По средбата изјава даде претседателот Радев, кој истакна дека во врска со започнувањето на преговорите за членство во ЕУ, потребно е Северна Македонија да ги зајакне своите односи со соседите.

Информирајќи дека последната средба на Двојната мешовита комисија околу постоечките прашања на полето на историјата и образованието, завршила неуспешно, Радев истакна: „Со наша иницијатива потпишан е Договор за добрососедство со Северна Македонија, но постои критично доцнење во спроведувањето на овој договор. Не можеме да направиме чекор наназад околу некои црвени линии што ги подвлековме.“

– Каракачанов: „Соседите се подбиваат со нас и со нашата историја“

Красимир Каракачанов, лидер на бугарската националистичка партија ВМРО-БНД, заменик-премиер и министер за одбрана на Бугарија и претставник на коалицијата Обединети патриоти (ОП), кој игра клучна улога во Владата на премиерот Бојко Борисов, ѝ препорачува на Бугарија да стави вето на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ.

Тврдејќи дека Северна Македонија ги вознемирува историјата и јазикот на Бугарија, Каракачанов изјави „Нашите соседи навистина си поигруваат со нас и со нашата историја.“

Каракачанов, кој е познат по своето расистичко и екстремно националистичко гледиште, изјави дека доколку Бугарија ѝ даде поддршка на Северна Македонија за членство во ЕУ, тогаш коалицијата Обединети патриоти ќе излезе од владејачката коалиција.

– Борисов: „Бугарија ќе ѝ даде поддршка на Северна Македонија за членство во ЕУ“

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, истакнувајќи дека реакцијата на Каракачанов е екстремна, продолжи со зборовите:

„Овој наш пријател кој се однесува како водач на банда, со својот остар јазик се обидува да удри вистинска шлаканица. Бугарија ќе ѝ даде поддршка на Северна Македонија, но таа поддршка ќе зависи од јасни предуслови. Доколку е потребно, ќе го запреме периодот на преговори. Доколку бидеме пречка на Северна Македонија на патот кон ЕУ, тогаш во историјата ќе остане запишано дека ’Бугарија беше единствената пречка од 27-те земји‘. Всушност, ние не им рековме дека членството во ЕУ ќе биде безусловно. На средбите можат да се користат 71 различна алатка за интервенција. [Македонците] Нека го остават играњето со историјата и минатото и нека се фокусираат на иднината.“

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, истакна дека Бугарија би можела да интервенира поединечно врз 35 поглавја од преговорите за членство меѓу ЕУ и Северна Македонија.

Со години наназад Северна Македонија и Бугарија имаат политички недоразбирања и не можат да се договорат на повеќе теми поврзани со образованието, јазикот, историјата, политиката и културата.