Сообраќајна несреќа во близина на населба Долна Белица, повредени четири лица

0

На 29.09.2019 во 11.50 часот било пријавено дека на локалниот пат за струшкото село Долна Белица, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Џ.Ж.(77) од селото Велешта и патничко возило „мерцедес“, управувано од Х.Л.(21) од селото Октиси. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Х.Л. додека со телесни повреди се здобиле Џ.Ш. и две сопатнички од двете возила А.Л.(45) и И.Ж.(76), кои биле пренесени во Медицинскиот центар во Струга и болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга.

СВР Охрид-канцелариjа за односи со jавноста