Денес, по трет пат Лабуништани излегоа на протест и го искажаа својот револт за дивите каменломи, со порака пренесена порака лично до премиерот Зоран Заев, од каде претседателот на „Натура лаб“ му порача,

“Покрај материјалните, штети околу каменломите и уништувањето на животната средина во подножјето на планитата Јабланица. од видни доктори, истакнато ни е дека бројот на заболени од малигни заболувања е драстично зголемен и според нивното мислење и испитување истото е поради работата на овие проклети каменоломи. Животот во нашата средина станува сè неподнеслив, од бучавата, прашината и минирањето на нашите терени. Неколку месеци комуницираме со Министерството за економија, односно Општина Струга, но за жал до сега, сем ветување немаме ништо друго на дело. Бараме од концидентот т.е. од Владата на Република Северна Македонија, односно премиерот г-дин Зоран Заев, да ни овозможи прием во владата, со што лично ќе го запознаеме со проблемите на нашиве терени.
На крај, ќе му порачам на г-динот Заев. Во неговите изборни ветувања имаше една порака, животот доаѓа, ама за нас, што дојде, да ли живот или смрт г–дине Заев?”, изјави Алим Салоски – претседател наздружението „Натура лаб“ од Лабуништа.

“Селам до сите присутни од Лабуништа, Боровец, Подгорци и Октиси. Значи ние сме тука дојдени, за истите проблеми што ги имавме до сега. Значи од тука, му даваме апел на институциите. Нема да престаниме со протестите, се додека не се решат нашите проблеми со каменоломиве. Значи, во преговори сме со институциите, со општината и далје ќе продолжиме со преговори, али немој да мислет тие дека ќе застаниме од преговорите. Штом се укинат концесиите или се трнат од територија на Лабуништа, ние ќе се повлечиме комплет. Значи народот Лабуништа стојт комплет, зад овие протести. Гледате и самите, секој протест имат масовно луѓе. Значи, апел на институциите што поскоро да ги решиме проблемив, за да недојде до несакани проблеми”, истакна Едис Мемишоски, активист од с.Лабуништа.

На денешниот протест присуствуваше и претседателот на месната самоуправа од Боровец, кој исто така зеде збор и го изрази својот револт.

“Селам Алејкум. Јас сум претседател на месна заедница од село Боровец. Во името на граѓаните на село Боровец, јас ова го подржувам. Мие село Боровец, да ви кажам на сите, дека до сега мие и писмено имаме обавестено и до шумско стопанство, и шумско стопанство ова година за месец дена, морат да прекинит, нема да врвит по овој пат. Каменоломите во село Лабуништа и Боровец, ги отруја нашите деца. Секој ден, жените ко ќе станет, алиштата ги најдвет смрдени со кал и со сите смеќа. Ја ве мола вака до крај, сите заеднички до крај да ојме, дур да завршит овој протест и да прекинет со овие каменоломи. Во името на село Боровец, фала.” Рече Џелул Имероски.

Махир Демишоски