„Доаѓањето на „Фолксваген“ во Турција ќе ги охрабри и другите големи инвеститори”

0
10

Претседателот на Стопанската комора на Истанбул (ITO), Шекиб Авдагиќ, изјави дека инвестицијата на германскиот гигант „Фолксваген“ ќе ги охрабри и другите големи странски компании да инвестираат во Турција, јавува Anadolu Ageny (AA).

Компанијата „Фолксваген“ минатата седмица и официјално основа подружница во Турција за да го реализира планот за изградба на погон за производство на повеќе модели на автомобили во западната област Маниса.

„Инвестицијата на „Фолксваген“ сама по себе е голем настан. Тоа дополнително ќе ги охрабри и другите странски инвеститори да дојдат во Турција“, рече Авдагиќ за АА.

Тој рече дека Турција станала средиште на производството на глобалните компании за меѓународниот пазар и тоа благодарејќи на квалитетната работна сила и динамичниот инвестициски амбиент.

„Фолксваген“ минатата седмица отвори подружница во Турција со иницијален капитал од 165,5 милиони долари, а планира да вложи милијарда евра и да започне со производство до 2022 година.

Компанијата е основана за дизајн, производство, монтажа, продажба, увоз и извоз на автомобили, камиони и сите видови моторни и транспортни возила и нивни делови.

Фолксваген-групацијата е основана во далечната 1937 година и моментално е сопственик на бројни брендови во автомобилската индустрија, а некои од нив се ауди, сеат, шкода, ламборџини, порше, бентли, ман, дукати и сканија.

Во Турција, производните погони веќе ги имаат познатите автомобилски брендови „фиат“, „форд“, „хјундаи“, „мерцедес“, „рено“ и „тојота“.