Белата куќа: „САД нема да учествуваат во операцијата на Турција на северот од Сирија“

0

Белата куќа објави соопштение во кое истакнува дека Американските вооружени сили нема да ја поддржат операцијата на Турција во северна Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).

– Ердоган и Трамп разговараа телефонски –

Во соопштението се споменува телефонскиот разговор меѓу претседателите на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и на САД, Доналд Трамп, при што се подвлекува: „Турција во најскоро време во северниот дел на Сирија ќе ја започне операцијата која веќе подолг период ја планира. Американските вооружени сили нема да ја поддржат оваа операција или пак, нема да учествуваат во неа.“

Белата куќа истакнува дека американските сили кои го победија ДЕАШ, повеќе директно нема да бидат присутни во тие подрачја.

Американската влада информираше дека извршила притисок врз владите на Франција, Германија и останатите европски земји да ги преземат нивните државјани кои како припадници на ДЕАШ се држат притворени во Сирија, но како што се наведува во соопштението, овие држави не сакаат да ги примат назад овие терористи, потенцирајќи дека САД нема со години да ги држат тие терористи во своите раце.

„Отсега па натаму, Турција ќе биде одговорна за борците на ДЕАШ кои САД ги фатија во регионот во последните две години“, се вели од Белата куќа.