Трамп му порача на Турција: “Водете сметка, инаку ќе настанат големи проблеми“

0

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Турција дека не смее да им наштети на американските трупи во областа за време на операцијата што ја спроведува во северна Сирија.

„Постојат 50 наши војници во оваа област. Тоа е мала област. Не сакам да бидат повредени или убиени … Му пренесов на претседателот Турција (Реџеп Таип Ердоган):

Не ги повредувајте, во спротивно ќе има големи проблеми “, рекол Трамп.

Тој додаде дека до 70.000 заробени терористи од групата ДАЕШ и нивните семејства, како и околу 50 американски војници, се наоѓаат во северниот дел на Сирија.

„Таму има 60-70.000 терористи со семејства, вклучувајќи ги и сопругите терористи кои беа убиени во борбите“, им сооптшил Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Според него, многу од овие луѓе се државјани на европските земји, особено Германија и Франција, но тие одбиваат да ги прифатат назад. Сега, истакна Трамп, Турција, како и Русија, Иран, Ирак и други земји презедоа одговорност за нив.

Извор:sputniknews.com