Трамп: „Ердоган во официјална посета на Вашингтон ќе допатува на 13 ноември“

0

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, соопшти дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 13 ноември ќе ги посети САД, пренесува Anadolu Agency (AA).

Трамп во објава на Твитер наведе дека Турција е важна членка која придонесува за угледот на НАТО.

„Многумина забораваат дека Турција е важен трговски партнер на САД. Турција е производител на челичната конструкција на нашите авиони F-35. Исто така, тие ми помогнаа во спасувањето на голем број животи во Идлиб“, нагласи Трамп.

Американскиот претседател нагласи дека на негова молба свештеникот Ендрју Брансон здрав и жив е вратен од Турција во САД.

„Во исто време, Турција е важна членка која придонесува за угледот на НАТО. Тој како мој гостин на 13 ноември ќе допатува во САД“, додаде тој.