Рускиот претседател Владимир Путин денес ја додели престижната Национална награда за храброст на Ник Хаг, американски астронаут кој преживеа дефект во вселенската ракета минатата година.

Руската ракета „Сојуз“ испратена до Меѓународната вселенска станица се сруши две минути откако полета на 11 октомври 2018 година, принудувајќи да слетаат две лица на екипажот Хејд и рускиот космонаут Алексеј Овчинин, јави Ројтерс.

Тие слетаа во капсула со падобран во централниот дел на Казахстан.

Скоро една година по несреќата, Путин го награди Хаг со Орденот за храброст, според декретот објавен на владиниот портал заради професионалноста што ја покажа за време на дефект на ракетата.

Засега не е познато дали и кога Хаг ќе ја добие наградата.

(Вијести.ба / НН)