Ердоган: „Нема да дозволиме крвта на бебето Мухамед залудно да биде пролеана”

0

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган упати порака кон семејството на деветмесчниот Мухамед, бебе кое е убиено во нападот на терористите на ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

„Господ нека го зголеми трпението, нема да дозволиме неговата крв да биде пролеана залудно”, рече Ердоган во телефонскиот разговор со членовите на семејството на убиеното бебе Мухамед.

„Тажни сме, многу ни е жал”, рече Ердоган.

Во местото Акчакале, кај турскиот град Шанлиурфа, организиран е погреб за Мухамед Омар, деветмесечното бебе, жртва на ракетните и минофрлачките напади на терористите на ЈПГ/ПКК.

Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кажа дека целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.

Турција предупредува дека терористичката операција ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголема закана за безбедноста на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.