Холандскиот премиер Руте: „НАТО не може без Турција“

0

Премиерот на Холандија, Марк Руте, рече дека смета оти НАТО не може без Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Руте одговараше на пратеничките прашања на синоќешната седница во Претставничкиот дом, одржана во врска со турската операција „Извор на мирот“.

Тој нагласи дека според него не е паметно тврдењето дека на НАТО ќе му биде подобро без Турција.

„Турција е една од најмоќните членки на НАТО. Од геополитички и стратешки аспект, не мислам дека НАТО ќе може без Турција. Сметам дека НАТО не може без Турција“, рече тој.

Руте истакна дека не е можно во Холандија да се донесат припадниците на ДЕАШ, и дека моментално и другите земји заедно дејствуваат во оваа насока.