Министерот Спасовски утре во посета на Охридско-Струшкиот регион

0

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утре 28.10.2019 (понеделник) ќе оствари работна посета на Охрид и охридскиот регион. Во 09.40 часот ќе ја посети полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ и сообраќајната полиција, каде што ќе оствари работни средби со раководството. Во 11.00 часот, министерот ќе ја посети полициската станица за граничен надзор „Свети Наум“, а во 13.00 часот во општина Вевчани ќе оствари средба со градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски. По средбата ќе следуваат изјави за медиумите.

Извор:МВР