Во складиште со оружје на ЈПГ/ПКК пронајдени американски минофрлачи

0

ОМЕР КОПАРАН – Во складиште со оружје кое припаѓало на ЈПГ/ПКК во градот Рас ал Ајн, кој за време на турската операција „Извор на мирот“ е исчистен од терористите, се пронајдени американски минофрлачи, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Рас ал Ајн, кој се наоѓа во близина на границата со Турција, припадниците на Турските вооружени сили (ТСК) и Сириската национална војска (СНВ) и понатаму го расчистуваат теренот.

Припадниците на Сириската национална војска на тоа подрчаје пронајдоа големо складиште со оружје кое припаѓало на терористите.

Репортерската екипа на АА направи видеоснимка од складиштето во кое се пронајдени голем број сандаци на кои се наоѓаат информации испишани на англиски јазик.

Пронајдени се околу 60 сандаци со муниција, за која е утврдено дека е произведена во Соединетите Американски Држави (САД), а во секој од сандаците се наоѓаат по две минофрлачки гранати.

Се работи за минофрлачки гранати 120 мм, со домет од 8 километри.

Во текстот на АА објавен на 19 октомври се наведува дека во јужниот дел на Рас ал Ајн на патниот правец М4 е пронајдено големо складиште со оружје на ЈПГ/ПКК, во кој е пронајдена муниција за противавионски топ од американско производство.

На сандаците со муниција беше испишано логото „GSA“ на Управата за општи услуги на САД (US GSA), чија задача, меѓу останатото, е да се обезбедат потребните услуги за американските државни структури во и надвор од земјата, особено во воените зони.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно ги предупреди САД дека со праќањето на десетици илјади парчиња оружје и муниција на ЈПГ/ПКК им нанесуваат штета на начелата на сојузништвото.

Извор:Anadolu Agency