Изрел заплени повеќе од 2.500 м2 Палестинска земја

0

Израел заплени 2.522 m2 земја во окупираниот Западен Брег за изградба на нелегални населби, соопштија денеска локалните власти и картограф.

ЗГрадоначалникот на Ал Џаба, Дијаб Машала, изјави за WAFA дека неколку палестински земјоделци влегле во своите маслинови градини во близина на нелегалната населба Ели, и биле шокирани кога дознале од израелските војници за плановите за заземање на нивните маслинови градини, кои ја зафаќаат површината од 2.000 м2.

Во меѓувреме, израелските сили извршија воени наредби за заплена 372 дунуми земја во јужната област Хеброн на Западниот Брег.

Палестинскиот картограф Абдул-Хади Ханташ изјави за WAFA дека таканаречениот „командант на израелската армија“ му наредил на армијата да заплени 129 дунуми земја во сопственост на локалните заедници Ад-Дахирија и Ас-Саму, јужно од Хеброн.

Градоначалникот на Суриф, Мохамед Адван изјави дека палестинските земјоделци утрово почнале да берат маслинки во близина на израелската населба Бет Аин, затекнале известување дека се запленети 243 дунами од нивната земја. Сопственик на земјата е семејството Гнеимат.

Во меѓувреме, градската канцеларија на Беит Лики, југозападно од Рамалах, потврди дека израелските сили добиле воена наредба за заплена 150 дунами палестинска земја јужно од градот и во близина на дел од израелскиот зид на апартхејдот.

Извор:(Вијести.ба / ФЕНА)