„Северна Македонија за неколку месеци ќе стане членка на НАТО”

0

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека Северна Македонија за неколку месеци ќе стане членка на НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).

Столтенберг во изјава за украинскиот ТВ-канал „1+1“ говореше за можноста за пристапување на Северна Македонија и на Украина во НАТО, потсетувајќи дека пред две години Црна Гора станала членка на НАТО.

„Северна Македонија за неколку месеци ќе стане членка на НАТО. Никој не можеше да помисли дека Полска и Балтичките земји ќе станат членки на НАТО по рушење на Берлинскиот ѕид“, рече Столтенберг.

Тој изјави дека е можно Украина да стане членка на НАТО, и рече: „Сите сојузници донесоа одлука Украина да стане членка на НАТО. Ќе помагаме во насока на реализирање на потребните реформи со цел Украина да се пристапи во НАТО.”

Генералниот секретар на НАТО за време на претходните посети на Украина рече дека вратите на НАТО се отворени за Украина.

Извор:Anadolu Agency