Фон дер Лајен: „Северна Македонија ги исполни сите наши барања“

0

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија сите нивни барања, и дека тие треба да го исполнат нивното ветување и да овозможат започнување на пристапниот процес, јавува Anadolu Agency (AA).

Урсула фон дер Лајен имаше свое обраќање на годишната конференција во германскиот главен град Берлин организирана од страна на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Таа во нејзиното обраќање се осврна на политиката за проширување на ЕУ, при што рече дека е во нивна корист што земјите од Западен Балкан имаат ЕУ-перспектива.

„Во наша корист е што земјите од Западен Балкан имаат ЕУ-перспектива. Ние споделуваме ист континент, иста историја, иста култура и исти предизвици. Побаравме многу нешта од Северна Македонија и Албанија. Тие ги исполнија сите наши барања. Исто така, ние треба да го исполниме нашето ветување и да овозможиме започнување на пристапниот процес“, рече Урсула фон дер Лајен.

Според неа, во случај ЕУ да не им нуди перспектива на земјите од Западен Балкан, тогаш овој вакуум ќе го исполнат другите земји како Кина, Русија, Турција или Саудиска Арабија.

Извор:Anadolu Agency