Во рамките на својата план програма, која се однесува на збогатување на активностите на Фондацијата Зекат-Октиси, покрај сите предвидени хуманитарни активности, од вчера оваа фондација започна и со организирање на седмични исламски предавања кои ќе се оддржуваат во просториите на долна џамија Октиси.

Предавањата ќе се оддржуваат секоја наредна сабота во долна џамија Октиси после јација намаз.

На предавањата предвидено е да учествуваат еминентни и познати лица (предавачи) од цела Македонија, а наскори и од надвор.

Целта на ваквите предавања е пообемно и пошироко запознавање со исламот,принципите, и се што е поврзано и сочинува како една целина, и се разбира она што е најважно негово приближување кон сите нас, жителите на Октиси и околните населби (Лабуништа, Подгорци, Боровец и пошироко.).

Заради тоа, Ве покануваме секоја сабота после јација намаз да бидете дел од оваа наша активност и овие исламски предавања.

Исто така, би сакале да напоменеме дека се обезбедени и соодветни услови и за нашите сестри припаднички на женскиот пол кои ќе изразат желба да присуствуваат на истата.

Нашето прво предавање го започнавме со г-динот Шејх Емин Алија, а за наредната сабота (7.декември) наш гостин ќе ни биде Шејх Талха Куртиши -Скопје.

За сите оние кои не се во можност да присуствуваат на овие наши предавања, преку видео презентација, истите ќе може да ги проследите на нашата фејсбук страница:Фондација Зекат.

Предавањата се во соработка со Фондацијата Зекат, долна џамија-Октиси, и Културно Хуманитарното друштво – Октиси/09.

Ве Очекуваме.