ЛОНДОН (АА) – НАТО денеска соопшти дека тероризмот во сите свои форми и манифестации останува постојана закана за сите, јавува Агенција Анадолија (АА).

Алијансата ја потврди „официјалната заложба, како што е предвидена во член 5 од Вашингтонскиот договор, дека нападот врз еден сојузник ќе се смета за напад против сите нас“, повикувајќи се на основачкиот документ на НАТО.

Овие забелешки се дадени како дел од финалната Декларација на деншниот Самит одржан во Лондон по повод одбележувањето на 70-годишнината од НАТО.

Од Алијансата се вели дека Самитот бил одржан за да се прослават 70 години од најсилната и најуспешната Алијанса во историјата и да се одбележи 30-годишнината од падот на Железната завеса.

Во Декларацијата на НАТО се истакнува: „се гарантира безбедноста на нашата територија и нашите една милијарда граѓани, нашата слобода и вредностите кои ги споделуваме, вклучувајќи ја демократијата, индивидуалната слобода, човековите права и владеењето на правото.“

Во документот исто така се напоменува тековната дебата за зајакнување на вложувањето во одбраната, инвестирањето во нови можности и придонесот на повеќе сили во мисиите и операциите на НАТО.

„Веќе 5 години се зголемуваат трошоците за одбрана на сојузниците, настрана од САД. Инвестирани се над 130 милијарди долари.“