Коњите стануваат сè потешки поради климатските промени, според Гилис Мофат(Gillies Moffat), шеф на ветеринарните служби на Сидаун(Seadown) во британскиот Хајт(Hythea) и објаснува дека тоа се должи на потоплата и влажна клима што фаворизира раст на изобилство трева, што пак им овозможува на овие благородни животни да ја консумираат во поголеми количини, отколку што им е потребно

„Одраз на социо-економскиот притисок“

Ветеринарот изјави за „Дејли Tелеграф“(Daily Telegraph) дека има повеќе коњи кои се лекуваат од прекумерна тежина поради проблемот.

Тој додава дека проблемот е „делумно одраз на социо-економскиот притисок“.

“Поточно, сопствениците на коњи, работаат долго време и им е потешко да тренираат коњи редовно. Во исто време, потоплите и влажни клими значи и достапност на  поголема количина на трева. Тешко е за сопствениците да ја мерат количината и квалитетот на храната што е потребна кога станува збор за тежината на нивните миленици”, вели Мофат

Наводите на Мофат се случија откако британското здружение за ветеринарно здружение за коњи БЕВА, откри дека 31 процент од 792 прегледани животни се со прекумерна тежина.

Ветераните, исто така, пронајдоа причини за недостаток на објекти како штала и коњски огради.

Во извештајот се сугерира дека сопствениците се борат против овој проблем со подигање на оградите каде и да е можно, како и набудување на внесот на храна на начинот на кој се мери.

Половина од британските коњи се со прекумерна тежина

Минатата година, ветеринарот Џо Мекиндер(Joe Mackinder) за списанието „Horse and Hound“ изјави дека забележал дека коњите што ги третирал во амбуланта во Јоркшир(Yorkshireu), стануваат се подебели.

Тој додава дека многу такви коњи развиваат состојба, наречена ламинитис. Тоа е воспалителна состојба на ткивото што го поврзува копитниот зид со копитната коска на копитата, што може да биде крајно болно.

Дејвид Рендл(David Rendle), ветеринар на БЕВА, вели дека дури 50 проценти од коњите во Велика Британија се со прекумерна тежина – дебели.

Dubai-Portal.                                                                                                  Telegraph.