Европските земји и носителите на одлуки „треба да ја искористат следната декада за радикално забрзување на дејствувањта“ насочени кон исполнување на долгорочните цели за 2030 и 2050 година, се вели во извештајот на ЕЕА.

Агенцијата со седиште во Копенхаген потсетува дека европскиот континент се соочува со еколошки предизвици со невидени размери, во животната средина.

Состојбата на животната средина се влоши од објавувањето на претходниот извештај пред пет години, а тековните предвидувања се прилично неизедначени.

Извештај под наслов „животна средината во Европа – ситуацијата и перспективите во 2020 година“ ја истражува состојбата на животната средина во последните пет години и размислува за идните трендови.

„Сè уште се соочуваме со сериозни празнини во спроведувањето“, рече извршниот директор на ЕЕА, Ханс Брујнинккс(Hans Bruyninckx), додавајќи дека климатските промени, загадувањето на воздухот и бучавата имаат значително влијание врз животната средина и здравјето на луѓето.

Тој потсети дека енергетскиот систем сè уште испушта премногу јаглерод, дека транспортниот сектор продолжува да се потпира на мотори со внатрешно согорување и има многу предизвици поврзани со прехранбената индустрија, при што треба да се има во предвид  што луѓето консумираат и на кој начин се произведува храната.

Брунинккс вели дека градовите треба да бидат одржливи кога станува збор за сместување и подвижност на нивните жители.

Тој смета дека на европските граѓани им се потребни „ефективни алтернативи“, како што се брзите возови што би замениле авиони на пократки растојанија.

Кога станува збор за заштита и зачувување на биолошката разновидност и природните ресурси во Европа, се чини дека ќе бидат исполнети само две од 13-те цели поставени за 2020 година – ќе се прецизираат морските и заштитените области.

Загадувањето на воздухот е сеуште водечка причина за предвремена смрт во многу европски земји, но во услови на зголемен интерес на јавноста за проблемите со животната средина и климата, како и во одржлива иднина, постои причина да се биде оптимист, соопшти ЕЕА.

Знаци кои инспирираат оптимизам се различни технолошки иновации и Европскиот зелен договор што го објави новиот претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен. Заштитата на животната средина и борбата против климатските промени се клучно ветување на Комисијата, чие реализирање го објави новиот лидер на ЕУ во првите сто дена од мандатот.

Со Европскиот зелен договор се најавува „пакет на фундаментални и трансформативни политики“ на кои новата Комисија се обидува да одговори на климатските промени и да ги изгради темелите на зелената економија.

Зелениот договор „ја признава итноста на постапување на начин на кој никогаш досега немавме можност да го видиме во Европа“, рече Брунинкскс. „Ова е сериозна промена. За прв пат во историјата на европските институции, овој приоритет е толку голем на агендата“, додаде тој.

Времето на извештајот се совпаѓа со состанокот на ОН за климатски промени COP25, кој започна оваа недела во Мадрид.

„Ако успееме да постигнеме сè што предвидовме, тоа ќе биде од повеќекратна корист за Европа и за Европејците, а нашата економија, како и целата планета, ќе има голема корист од сè“, рече Франс Тимерманс, извршен потпретседател на Европската комисија надлежен за Зелениот договор.
Dubai-Portal.                                                                                                    Direktno.