Во случај да го полните мобилниот телефон преку УСБ(USB)-портот во вашиот автомобил, треба да престанете, бидејќи тоа може да ви ја уништи батеријата. На прво место, УСБ-портот во возилото обезбедува помалку енергија отколку што е потребна за полнење на мобилниот телефон, и баш поради тоа телефонот споро се полни.

“Многу луѓе забележаа дека на патувањето од дома до работа, што трае 30 до 60 минути, мобилниот телефон се напојува многу малку. Ова главно се должи на фактот дека телефонот троши повеќе енергија отколку што има полначот за автомобили”, вели техничарот Бред Николс (Brad Nichols) од компанијата Стејмобајл (Staymobile).

Николс наведува уште еден проблем со полнењето во автомобил, а тоа е дека вашиот мобилен телефон може да добие премногу енергија, особено ако користите „запалка“ за да гонаполните. Повеќето запалки можат да снабдуваат до 10 А, додека повеќето полначи користат еден до три A. Неисправен полнач може да предизвика мобилните телефони да се загреваат, да ги оштетат внатрешните компоненти, па дури и да го уништат целиот уред.

Со сите овие проблеми, полнењето на вашиот паметен уред на патот може да го исцеди и акумулаторот на вашиот автомобил. „Ова обично не е за оние кои имаат нови автомобили со нов акумулатор, но ако вашиот автомобил е постар модел, можеби ќе сакате да избегнете да го наполните вашиот телефон со УСБ порт“, вели Николс.


Dubai-Portal / Rd