И официјално, денес (13.12.2019) приватната компанија „Подгорка“ го отвори својот призводствен погон наменет, за расекување, преработка и пакување на свежо телешко, јагнешко и пилешко месо.

Во овој производствен објект, истовремено ќе се врши складирање, како и дистрибуција на готовите производи ширум Македонија.

Колку за потсетување, изградбата на овој модерен објект започна на 20 Април 2018 година, а заврши во Април 2019.

Изведувач на работите, беше приватната градежна компанија „Боград Боровец“

Вкупнииот износ на финансискиот дел потребен за изградбата изнесува изнесуваше околу 6.5 милиони евра.

Во присуство на голем број гости на свеченото отворање, прв на присутните им се обрати сопственикот на Подгорка, Мехмед Џемајлоски.

Сaакам да изразам огромна благодарност до државните институции кои брзо и навремено помогнаа во процесот на подготовка и комплетирање на потребната документација во процесот на аплицирање и реализацијата на овој за нас важен проект односно изградбата на овој значаен објект кој на некој начин ќе даде економски поддтик во нашава општина, и намалување на невработеноста – истакна г-динот Џемајлоски.

На свеченоста покрај присутните гости беа и претседателот на Владата, Зоран Заев, Директорот на платежната агенција на РСМ, Никола Бабоски, Шефот на одделението за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој на европската комисија, Лиам Бреслин, Потпретседателот на Собранието на РСМ, Зеќир Рамчиловиќ, и голем број други личности од општествениот и политички живот.

 


Dubai-Portal