Да го запознаеме Истанбул со Султан Турс – Лабуништа

0

Имајќи ја во предвид поканата за нашето учество на годишната средба на дописници на Турската новинска Агенција (ИХА) – IHA – Ihlas Haber Ajansy.. во Истанбул, одлучивме нашата посета на овој прекрасен град да ја прошириме и со посета на сето она што овој град навистина го прави прекреасен град,(музеј панорама 1453, Капали Чаршија, џамијата Чамлича и Аја Софија, прошетка низ Босфор, Кулата Галата, плоштад Таксим, Трговскиот комплекс Венеција и ред други..)

Фото: Исо Демишоски дописниК на Турската Новинска Агенција (ИХА)
Фото: Махир Демишоски и Исо Демишоски со главната уредничка и менеџерка за меѓународно дописништва Јапрак Мутлу – во редакцијата на Турската новинска афенција (ИХА).

Од тука, овој пат нашата доверба за патувањето и посетата на Истамбул, решивме да му ја довериме на т.а. Султан Турс – Лабуништа..

Крајниот впечаток од заокружувањето на нашата посета, и оганизацијата од страна на т.а Султан Турс, предводена од Недим Тафилоски за чиста “десетка“, нешто што повторно нё натера да размислиме за уште една посета на овој град.

Се разбира, во ова пригода би сакале да им се заблагодариме и на сите оние кои беа дел од ова наше заедничко патување и допринесоа истото да биде уште поубаво.

А, ние во продолжение ви представуваме дел од она што го забележа нашиот објектив низ просторот на Истамбул и да ви го препорачаме да го посетите, а како изгледаше накратко нашата посета, погледнете во долу приложеното видео..