Имајќи ја во предвид нашата двегодишна и проширена соработка ( дописништво-известување) со Турската новинска агенција Ihlas Aaher Ajansi, на покана за годишна средба, проширување на соработката и краток разговор, имавме можност да ја посетиме оваа далеку позната новинска аганција, да поразговараме околу понатамошната соработка, нашите проблеми во делот на известувањето, како и останатите работи кои се поврзани со делот на известување од Македонија.

Во ова пригода би сакале да им се заблагодариме на поканата и одвоеното време, особено на менаџерот и раководителот за меѓународно дописништво г-ца Јапрак Мутлу,да им посакаме успешна работа, и она што за нас е најважно уште поголема меѓусебна соработка и уште еднаш да ја прифатиме поканата за повторна средба во Турција – Истанбул, во текот на оваа година,притоа и нашата покана за посета на Македонија, односно Струга и Охрид, како и нашава населба Подгорци, во текот на месец Август.

Продолжуваме понатаму, токму заради тоа што сме различни од другите…(Дубаи Портал)

Фото: Махир Демишоски и Исо Демишоски со главната уредничка и менеџерка за меѓународно дописништва Јапрак Мутлу – во редакцијата на Турската новинска афенција (ИХА).
Фото: Махир Демишоски и Исо Демишоски со главната уредничка и менеџерка за меѓународно дописништва Јапрак Мутлу – во редакцијата на Турската новинска афенција (ИХА).