Иранскиот ајатолах Али Хамнеи ја прогласи Албанија за непријател

0

Иранскиот духовен водач, ајатолахот Али Хамнеи ја прогласи Албанија за непријател, додавајќи дека таа е „лоша европска земја која ги згрижила нивните непријатели“.

„Тоа е многу мала, но многу ѓаволска европска земја, каде американските елементи соработуваат со иранските предавници и планираат против Исламската Република. И планот што тие го имаа јасно се виде, со протестите што се одржуваа во Иран, бидејќи некои од тие предавници дојдоа во Иран да протестираат. Агентите на непријателот започнаа да го спроведуваат планот за саботажа, убивање и уништување на нашата влада и нашиот Устав“, изјавил Хамнеи, пренесува Топ ченел.

Во Албанија првата група ирански муџахедини пристигна во 2016 година според договорот со САД. Сега во т.н. град на муџахедините сместени се неколку илјади луѓе.

Извор:slobodnaevropa