Британскиот амбасадор во Иран ја напуштил земјата откако беше притворен од иранските власти минатата недела, јавија денеска иранските државни медиуми. Роб Макер беше во притвор три часа на 11 јануари. Тој беше приведен откако отиде да запали свеќа за жртвите од урнатиот украински авион. Иранската агенција ИРНА јави дека дипломатот ја напуштил земјата откако му била дадена, како што опишуваат, „првична забелешка“ без да прецизираат детали што значи таа.

Британското министерство за надворешни работи, пак, тврди дека патувањето на нивниот амбасадор во Лондон е „рутинско, работно и вообичаено“ и дека било планирано пред неговото апсење.

Р.С.Е