АНКАРА (АА) – Турција депортираше еден странски терористички борец со потекло од Шведска, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Турција.

Во соопштението се наведува дека продолжуваат процесите за депортирање на странските терористички борци во нивните земји.

Се истакнува дека во овие рамки е депортиран еден странски терористички борец со потекло од Шведска.