Во товарниот авион „мартинер“ на матичната компанија „КЛМ“, во Аргентина се пронајдени повеќе од 80 килограми кокаин, а уапсени се седум лица меѓу кои и пилотот.
Холандските медиуми јавуваат дека меѓу уапсените се и три државјани на Холандија.
Уапсени се пилотот и неколку членови на екипажот.
Авионот, кога дрогата била пронајдена, се наоѓал на меѓународниот аеродром во близина на Буенос Аирес.
Локалните медиуми известуваат дека кокаинот е откриен непосредно пред полетување на авионот за Амстердам.
Полицијата истражува дали дрогата била товарена во Аргентина или од Бразил од каде што авионот полетал.
Компанијата „КЛМ“, соопштила дека соработува во истрагата.
MMS