Во рамките на својата план програма, која се однесува на збогатување на активностите на Фондацијата Зекат-Октиси, покрај сите предвидени хуманитарни активности, оваа фондација започна и со организирање на седмични исламски предавања кои веќе се оддржуваат во просториите на долна џамија Октиси, после јација намаз

Гостин на вечерашното предавање ќе биде Неџат еф. Рустемоски од село Боровец, имам во Горната Џамија во Лабуништа.

Целта на ваквите предавања е пообемно и пошироко запознавање со исламот,принципите, и се што е поврзано и сочинува како една целина, и се разбира она што е најважно негово приближување кон сите нас, жителите на Октиси и околните населби (Лабуништа, Подгорци, Боровец и пошироко.).

Заради тоа, Ве покануваме секоја сабота после јација намаз да бидете дел од оваа наша активност и овие исламски предавања.

Исто така, би сакале да напоменеме дека се обезбедени и соодветни услови и за нашите сестри припаднички на женскиот пол кои ќе изразат желба да присуствуваат на истата.

Dubai-Portal