ИДЛИБ (AA) – Најмалку петмина цивили се убиени во нападот кој руските воздушни сили го изведоа на подрачјето на Алепо, во деескалациската зона Идлиб, на северозападот на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во нападот се ранети девет цивили. Руските авиони од утринските часови изведуваат воздушни напади врз населба на западот на Алепо.
Според податоците на Цивилната заштита (Белите беретки), загинаа пет, а ранети се девет лица.
Близу 27.000 цивили во изминатите два дена избегаа од внатрешноста на сириската провинција Идлиб кон турската граница.
Поради нападите на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите руски и проирански сојзници, цивилите од деескалациската зона Идлиб мигрираат во местата на сириско-турската граница.