Населението на Турција во 2019 година во споредба со претходната година се зголеми за 1 милион 151 илјада 115 лица и изнесува 83 милиони 154 илјади 997 жители, јавува Агенција Анадолија (АА).

Заводот за статистика на Турција (TÜİK) ги соопшти резултатите од „Пописот на населението за 2019 година врз основа на адреси“.

Според нив, населението на земјата, што во 2018 година изнесуваше 82 милиони 3 илјади 882 лица, се зголеми за 1 милион 151 илјада 115 лица и изнесува 83 милиони 154 илјади 997 жители.

Според резултатите на Заводот, процентот на машка популација е 50,2 отсто (41 милиони 721 илјада 136 лица), додека процентот на женска популација е 49,8 отсто (41 милион 433 илјади 861 лице).

Годишната стапка на пораст на населението во 2018 година била 14,7 во илјада жители, додека оваа бројка во 2019 година се намалила на 13,9 во илјада жители.

Процентот на жители во градовите и градските центри во 2018 година изнесуваше 92,3 проценти, а во 2019 година процентот се искачи на 92,8 проценти.

Процентот на луѓе што живеат во селата се намали на 7,2 проценти.