Четиричлено семејство кое побегнало од нападите на режимот на Асад и неговите приврзаници настрада од труење со јаглерод моноксид кој истекол од печката за затоплување во еден од шаторите во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Сиријците од градот Кефер Рума северно од Идлиб кои избегаа од нападите на режимот и нивните приврзаници се засолнија во кампот „Дија-3“.

Едно од тие семејства кое го сочинуваа мајка, татко и две деца, ги загубија своите животи во кампот, како резултат на труење од јаглерод моноксид кој истекол од печката за затоплување.

Медицинските екипи кои пристигнале на местото на настанот истакнаа дека сите членови на семејството починале од протекување на јаглерод моноксид од печката.

Поради немање места за поставување шатори, недостиг на инфраструктура и намалување на помошта за Идлиб, илјадници цивили не можат да најдат засолниште.

Во исчекување на помош се илјадници семејства кои избегаа од нападите и имаат потешкотии во обезбедувањето на основни средства за живот.