На 11.02.2020 година околу 18.00 часот, полициски службеници од полициската станица Струга на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, од слобода го лишија  К.М.(38) од селото Мислешево. При преглед, кај него пронајдени и одземени се пет пакувања со опојна дрога кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид.