БРИСЕЛ (АА) – Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, се сретна со Радмила Шекеринска, министерката за одбрана на Република Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со цел да учествува на сесиите од вториот ден од Состанокот на министрите за одбрана на НАТО, турскиот министер Акар во седиштето на НАТО имаше неколку средби со своите колеги од другите земји.

Акар прво се сретна со министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска. За време на средбата беа разменети мислења по прашањата поврзани со одбраната и безбедноста.

По оваа средба, министерот Акар зеде учество на состанокот на тема „Односите меѓу НАТО и Украина“.