АНКАРА (АА) – Тројца терористи на ПКК/ЈПГ им се предадоа на турските безбедносни сили во југоисточниот дел на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Терористите коишто избегале од засолништата на терористичката организација во северен Ирак и Сирија се предадоа на граничните пунктови во подрачјето на Суруч и Силоп во јужната турска област Шанлиурфа“, се вели во соопштението на турското Министерство за национална одбрана.

Се додава дека предавањето на терористите е резултат на тековните напори за убедување на терористите на ЈПГ/ПКК да го положат оружјето.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.