Според извештајот на весникот „Темпо“ („Tempo“), експлозијата во вулканот „Мерапи“ („Merapi“) во градот Јогјакарта, се случила  во 05,16 часот по локално време наутро и траела 150 секунди, пренесува Анадолија Агенција

Властите изјавија дека пепелта и чадот избувнуваат од кратерот на вулканот до висина од 2 илјади метри.

Во меѓувреме, Центарот за вулканологија и намалување на геолошките непогоди (PVMBG) ги предупреди туристите и локалното население да не работаат во граница од 3 километри од вулканот на ниво на вториот аларм „Васпада“ („Waspada“).

Во 2010 година животот го загубија 347 луѓе како резултат на вулканот „Мерапи“ („Merapi“) на островот Јава,  со височина 2.000 968 метри.

Постојат околу 130 активни вулкани во Индонезија.