АЗЕЗ (АА) – Големите снежни врнежи во областа Азез во северна Сирија влијаат врз животите на десетици илјади цивили во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Градот Азез, која се наоѓа спроти турскиот град Килис, е покриен со снег. Екипата на Агенција Анадолија која се наоѓа во областа, со дрон ја снимија белата покривка во центарот на градот.

Поради големите снежни врнежи наставата во училиштата е прекината на еден ден. Децата го искористија овој момент и уживаа во снежната идила.

Врнежите од снег, кои ја зафатија областа во која живеат голем број бегалци, предизвикаа оштетување кај некои шатори.

Во областа зафатена со снег и студено време, има потешкотии да се стигне до некои села.