АБУЏА (АА) – Во североисточниот дел на Нигерија, Западна Африка, пронајдени се резерви од нафта од 1 милијарда барели, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за нафтени ресурси на Нигерија, Тимипре Слива, на затворањето на Меѓународниот самит за нафта 2020 година (NIPS) што се одржа во главниот град Абуџа, даде изјава за медиумите.

„Како резултат на истражувањето на североистокот на Нигерија, откриени се околу 1 милијарда барели резерви на сурова нафта“, рече Слива.

Истакнувајќи дека се среќни од резултатите на испитувањето, Слива истакна дека овие податоци ја откриваат геолошката структура на регионот и ја покажуваат нејзината важност.

Посочувајќи дека истражувањата ќе продолжат, министерот Силва нагласи: „Во 2002 година имавме резерви од 22 милијарди барели нафта. Оваа стапка се зголеми на 37 милијарди барели во 2007 година. Од 2007 година, до денес, таа се зголеми само на 37,5 милијарди барели.“

Силва, истакнувајќи дека има големи можности за инвеститорите во Нигерија, додаде дека треба да се решат економските и безбедносните проблеми.

– 3,1 процент од резервите на нафта во светот се наоѓаат во Нигерија –

Досега пронајдените резерви на нафта во Нигерија изнесуваат околу 37,5 милијарди барели, што претставува 3,1 отсто од светските резерви.

Се наведува дека во регионот Делта, каде што се наоѓаат нафтените полиња, Нигерија произведувала над 1,5 милион барели сурова нафта дневно. Но поради саботажата на вооружените групи на нафтените полиња, конфликтите во регионот и киднапирањата, земјата не може да го искористи својот капацитет.

Најмалку 50 лица загинаа во нападот организиран од милитантите на „Боко Харам“ кон тимот за истражување на нафта во нигериската држава Борно во 2017 година, а некои луѓе од тимот беа киднапирани.