АНКАРА (АА) – Овогодишниот рок за пријавување на Програмата за стипендирање на студенти „Turkiye Burslari“, кој секоја година го отвора Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција (YTB), истекува на 20 февруари, јавува Агенција Анадолија (AA).

Во соопштението Дирекцијата наведува дека Турција, во која студираат студенти од сите делови на светот, и оваа година низ програмата „Turkiye Burslari“ планира да им ги отвори своите врати на десетици илјади млади луѓе.

Пријавувањето за Програмата за стипендирање, на која секоја година се пријавуваат над 100.000 млади од речиси сите земји од светот, оваа година трае до 20 февруари. Аплицирањето може да се направи преку веб-страницата www.turkiyescholarships.gov.tr.

Кандидатите преку системот треба да ги внесат потребните информации. По техничката анализа, стручњаците оценуваат според неколку критериуми, меѓу кои се и социјалните вештини, но и академскиот успех.

По таа фаза, кандидатите се повикувани на интервју.

Покрај тоа, во одредени земји се организираат и испити. Интервјуата кои ги водат експерти од Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција и академски работници се одвиваат на 100 локации во светот. Оние кандидати кои успешно ќе ги минат разговорите, се стекнуваат со правото на доаѓање во Турција.

По доаѓањето во Турција, студентите ги пречекуваат претставници на Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција, а потоа се сместуваат во студентски домови. Во текот на првата година имаат право на бесплатни часови по турски јазик. Потоа започнуваат студиите на избраните отсеци и универзитети.

Покрај стипендирањето на студиите од првиот, вториот и третиот циклус, како и на истражувањата, студентите на кои во рамките на оваа програма им се покриени и другите трошоци за школување и сместување, добиваат и месечен џепарлак.

Трошоците за авионските билети по доаѓањето во Турција и заминувањето по завршените студии исто така ги сноси Дирекцијата за дијаспора и сродни заедници на Република Турција. Во текот на престојот во Турција студентите имаат право и на здравствено осигурување.