КАБУЛ (АА) – Министерството за одбрана на Авганистан денес објави дека во северниот дел на земјата убиле високопозициониран командант на Талибанците заедно со осум негови соработници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од Министерството соопштија дека Маулви Сардар Моахамад, членот на Воената комисија на Талибанците, е убиен заедно со осум свои соработници во воздушен напад во областа Чамтал во покраината Балх, која граничи со Узбекистан. Се додава дека во воздушниот напад е уништено и големо тајно засолниште со оружје и муниција.

Талибанците го отфрлија ова тврдење, нарекувајќи го „непријателска пропаганда“.

Портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид, на Твитер објави дека денес, во талибанскиот кварт Хас Балх, Талибанците убиле шест припадници на авганистанските сили.