ПЕКИНГ (АА) – Билансот на починати во Кина од новиот тип коронавирус (Ковид-19) порасна на 1.524 лица, додека бројката на заразени лица се искачи на 66.492 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Националната здравствена комисија на Кина објави соопштение во врска со последните случувања поради епидемијата на Ковид-19 во земјата, во кое се наведува дека бројот на сомнителни случаи се намалил на 8.689.

Се вели дека бројот на лица што се задржани под надзор со образложение дека имале контакт со заразени лица се намалил на 169.039 лица.

Бројот на лица што починаа од оваа зараза, вклучувајќи го и Хонгконг, се искачи на 1.524 лица.

Исто така, бројката на лица кај кои е откриен овој вирус се зголеми на 66.492 лица, од кои 8.969 лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба, додека 8.096 лица биле излекувани и отпуштени од болница.

Само во последните 24 часа починаа 143 лица како резултат на овој вирус, а откриени се нови 2.277 случаи.