Израелските окупаторски власти им забранија на палестинските земјоделци да работаат на нивната земја, минатиот месец со образложение дека областа е „прогласена за античко место за време на британскиот мандат“.

Според извештајот на Хаарец (Haaretz), засегнатите палестински земјопоседници – жители на селото Ал-Мугајир (Al-Mughayyir) во окупираниот Западен Брег – со земјиште се занимавале уште од 1950-тите.

Браќата Надер и Расем Абу Алеих (Nader – Rasem Abu Aleiyeh ) изјавија дека израелските окупаторски сили „го заплениле тракторот на неодредено време, без предупредување, и како резултат го загубиле изворот на приход“.

Израелската армија сега изјави дека „забрането е целата земјоделска работа во областа, врз основа на забрана за копање, садење дрвја и наводнување“.

„Сите знаеа дека работиме на земјата и тие никогаш не ни кажаа ништо претходно“, рече Надер (Nader). „Порано војниците доаѓаа и пиеја чај со нас додека ја работевме земјата“.

Семејството верува дека властите „издале наредба под притисок од жители на соседна нелегална населба Малачеи Хашалом (Malachei Hashalom)“, основана во 2015 година на напуштена воена база.

Од нејзиното основање, „палестинските жители во областа се жалеа на вознемирување на доселениците, вклучително и правење бучава како би ги протерале стадата со овци, блокирање на трактори и кражба на археолошкиот стубови од местото“.

Израелските окупаторски власти „одговориле на барањето на семејството во писмото до нивниот адвокат Камер Машарки (Kamer Masharqi), дека браќата се осомничени за оштетување на антиката и дека тракторот бил запленет како доказ од полицијата и затоа не можеле да го ослободат тракторот. ”

Машарки (Masharqi) за Хаарец рече: “Тоа е уште еден начин на претерување на Палестинците од нивните земји. Одгледувањето на земјата не им штети на антиката, а државата исто така, никогаш не направи такви тврдења. Археолошкото тврдење може да се направи  дури откако ќе се воспостави основањето”.

Пишува: “Dubai-Portal”

Пренесува: “MEM”