Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од извештајот на Комисијата на ЕУ во март бидат позитивни, тој ќе поддржи започнување на преговорите за нив да влезат во блокот.
„Го чекаме извештајот во март. Ако резултатите се позитивни и се утврди доверба, тогаш треба да бидеме во состојба да ги започнеме преговорите“, рече Макрон пред конференцијата за безбедност во Минхен.

Коментарите на Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен треба да го прекинат неговото замрзнување на процесот на преговори на Северна Македонија и на Албанија за членство во ЕУ, но и да ги увери другите европски лидери дека Франција сè уште го поддржува проширувањето на блокот кон нови членки.

Францускиот претседател одби да го одобри почетокот на т.н. пристапни преговори на Самитот на ЕУ во октомври, со образложение дека процесот за прием на нови членови треба да се промени. Еден француски министер го нарече процесот на пристапување во ЕУ „бесконечна сапунска опера“.

Фото: chemistryworld.com

Германија и Европската Комисија истакнаа дека не е во ред Макрон да ги блокира аспирациите за членство на шесте држави во регионот, а како најсилен адут ја потенцираа загриженоста од кинеското и од руското влијание во Србија, Косово, Црна Гора, Албанија, Босна и Северна Македонија.

Овој месец, Комисијата предложи реформи во процесот на пристапување во согласност со француското барање од ноември, со што владите на ЕУ ќе имаат механизам за олеснување, запирање или ресетирање на преговорите и замрзнување на средствата.

Веројатното омекнување на ставот на Макрон претставува основа за согласност на 27 влади на ЕУ пред самитот ЕУ-Балкан во Загреб во мај. Данска и Холандија, кои ја поддржаа позицијата на Макрон минатата година, се очекува да го намалат својот отпор, изјавија дипломати од ЕУ за Ројтерс.

Фото: foreignbrief.com

Франција и нејзините сојузници се загрижени за можноста на ЕУ да има регион со етнички војни како што беше случај во 90-тите години од минатиот век и да се бори со криминал и корупција. Вознемирени се и не сакаат да се повтори тоа за што и беше забрзаниот пристап на Романија и Бугарија во 2007 година. Разговори за членство, еднаш во тек, ќе трае со години.

Макрон, исто така, предупреди дека т.н. проширување на ЕУ не претставува лек за потешкотиите на блокот за зборување во еден глас и дека повеќе членки ќе значи и потреба од поголем буџет на ЕУ, нешто што го отфрлаат северните членки на ЕУ.

„Не работи со 27 (членки на ЕУ), зарем мислите дека ќе работи ако сме 32 или 33 години? Ние не сме кохерентни. Имплицитната стратегија е дека мислиме на Европа како на голем пазар, но не и за политичка моќ со колективни преференции и минимум конвергенција“, рече Макрон.

NovaTV