Заев: Нема скриена амнестија, ве повикувам на утрешниот „Марш на правдата“

0

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со негласањето на Законот за Јавно обвинителство јасно покажа дека не е за правна држава и за европска иднина на земјава. Заев порача дека СДСМ продолжува со реформите и ги повика сите, како што рече, правдољубиви граѓани, утре во 18 часот пред Собранието да се приклучат кон „Маршот на правдата“ кој ќе води до Судот – местото каде, како што рече, ќе се случат правните разрешници.

Од прес-конференцијата во партискиот штаб испрати и порака до европските лидери, дека земјава го спроведе ветеното и дека сега ЕУ е на потег.

„ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за правна држава, ниту за европска иднина, покажа дека ништо не се променило, дека Белиот дворец е се уште е заложник на осудениот криминалец Груевски“, истакна Заев.

Со законот за обвинителство, доддае тој, ставен е темел за неселективна правда. Тој им честиташе на 80 пратеници кои, според него, го препознале овој момент како клучен за владеење на правото.

„Со овој закон гарантирана е судската разрешница на сите започнати постапки од СЈО, сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. Ќе има разрешница за случаите во кои основни индиции беа „бомбите”. Скриена амнестија нема за никого и секој кој што го прекрил законот ќе се соочи со одговорност и секој кој ќе го прекрши законот ќе одговара. Политичарите мора да бидат далеку од правосудството“, рече Заев.

На новинарско прашање за поништувањето на гласањето за овој закон и повтореното гласање Заев рече дека било невозможно да се стисне копчето за гласање „за“ и за пријавување за процедурално, алудирајќи на пратеничката Лилјана Поповска која се пријави за збор кога спикерот, Талат Џафери, повика на гласање.

Извор:НоваТВ