На 26.02.2020 година во 20 часот и 35 минути, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на населбата „Горица“, полициски службеници извршиле преглед на патнички автомобил „Опел Мерива“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(39) од Гостивар. Притоа, пронајдена и одземена е една црна најлонска кеса со 1,7 килограми опојна дрога марихуана. Возачот на возилото, заедно со сопатниците Ф.А. и Е.Н., од Гостивар, се приведени во полициската станица. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dubai-Portal

SVR Ohrid